ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, November 13, 2013

Со секој нов ден

Нема поголем човек, од самиот човек,
заедно со темнината која ја носи со себе...

Темнината наречена сенка.

Она нераскинливо парче на вродена љубов
помеѓу животот и неговата бледа копија
 која создава светлосен немир
 на земјата по која гази.

Само сонцето немо следи каде запира занесот,
зад превезот на сопствената немоќ.

Она за што утрото беше ден,
се преточи во ноќ на пладневен крај за уште еден почеток.

Почеток на уште еден нов ден.

Ден во кој единствено сопствениот здив на утринската магла,
може да го измие споменот за вчерашната малкост.

Зошто минатото е мало наспроти недефинираноста на денот што следи?

Каде можеме да го собереме тоа минато, на име за подобра иднина?

Дали човекот повеќе вреди денес, наспроти вчера?

Нема големина, без сопствена понизност.
Со обзир на вчерашниот ден, и она што било,
само свесно минато може да произведе, поголема иднина.

Време на поголеми идеи, субјективна ера за раст на општата перцепција за поголеми луѓе.
Заедница свесна за своето постоење, преку себепочит и спознание на причините за сопствената предодреденост.

Под истото тоа сонце на оние сенки што се изродија од љубовта над хоризонтот...
Онаму каде сонцето и земјата кротко се бакнуваат...

На истокот од секој посакуван запад.
Тоа е мојата земја, тоа е мојот крај.
На истокот од уште еден запад...
Запад, на патот за уште еден нов изгрев.
Пат на утрешните нови мугри,
кои ке ги измијат трагите на вчерашниот ден.

Со секој нов ден, со секој нов ден....
Повторно и повторно...И пак од почеток.

No comments:

Post a Comment

Blogger Widgets

Автори на блогот