ЧОВЕКОТ...
...вреди колку неговите дела!

Расол за мамурлак или "поштено" добредојде

Почитувани интернет пријатели,
Овој веб простор е посветен за вас посетителите, кои случајно или не, сте се нашле на оваа веб локација.
Се надевам дека ке најдете доста интересни информации како за вас лично, така и за ваше убедливо маневрирање во вашето секојдневие.
Секое добро и не штедете се себеси.
Со почит
Јас,

Wednesday, January 25, 2017

Кога судбината ти дава сигнали

И кога запре сета музика на светот, 
ако срцето продолжи да игра, 
направи место за судбината.

Потценување на реалноста


Многу лошо е кога животот ни помине размислувајќи и посакувајќи нешто што не можеме да го имаме, а ги игнорираме, обезвреднуваме и потценуваме работите кои ги имаме на дофат околу нас.

Длабочината на човечкиот поглед


Човек со богато срце, 
значи човек што разбрал многу човечки погледи.

Стоицизмот и иднината


Сите глумиме "лудило" и се правиме недоветни денеска.
Утре е веќе касно да се разбудиме!

Tuesday, January 24, 2017

За светот по СОРОС

Кога глобалните корпорации во отворените општества на СОРОС и таквите како него, чија што филозофија на вредности значи како до поголема сума на пари на контото, почнат да шират демократија со моќта на истите тие пари, секогаш страдаат поединци.

Sunday, January 1, 2017

Моето време

 Не постои време без настани....
 Не постојат настани без луѓе.
Не постојат луѓе без љубов. 
Одовде па до крајот на вечноста....
Ти си моето време...

Sunday, October 9, 2016

За слободната волја

Сите земски правила и практики доколку не се во согласност со благопријатноста и слава на животот претставуваат инструменти за контрола на слободната волја, која ни е дадена во моментот на нашето создавање.
Поголема или помала контрола над слободната волја не постои т.е. интензитетот на уништување на благодетта на слободната волја зависи од нивото на способност за резистентност на поединецот, условена од капацитетот на неговата личност.

Смртта е смрт, страдањето е страдање


Не можам и не сакам да се радувам, оправдувам или величам убиство на било кој човек поради било која причина.
Страдањата на било кој поединец е и мое страдање, зошто едно битие сме, дел сме од едно тело на светот денешен.

Мал прирачник за поробување на еден народ

Ако сакаш да поробиш еден народ еве мал прирачник во неколку чекори како тоа да ги сториш најлесно:

Тези со епилог за некои актуелни прашања


Теза бр.1:
Борбата на "народот" против "режимот" не успеа поради немоќата на организаторите на таа борба да сватат што значат суштински овие два термини: народ и режим.
Епилог бр. 1: 
Неуспешна револуција.

Sunday, October 2, 2016

Мислители и создатели


Постојат создатели и мислители.
Исто така постојат мислители за она што други го работат и создатели на она што други ќе им кажат да направат.
И некаде на маргините постојат луѓе кои всушност размислуваат за тоа што го прават!

Thinkers VS Doers


There are doers and thinkers.
There are also thinkers about what others do, and doers what others think...
And somewhere far away there are people who think what they actually do!
Blogger Widgets

Автори на блогот