-Идеалите на Гоце Делчев, чувството и борбата за слобода на неговите современици но и следбеници се доволна потврда за самобитноста и посебноста на нашиот народ во еден историски континуитет кој во денешно време некои странски сили сакаат да ни го избришаат. Сакаат да ни го одземат името, да ја обезличат државата.
Многу лошо е кога животот ни помине размислувајќи и посакувајќи нешто што не можеме да го имаме, а ги игнорираме, обезвреднуваме и потценуваме работите кои ги имаме на дофат околу нас.
Кога глобалните корпорации во отворените општества на СОРОС и таквите како него, чија што филозофија на вредности значи како до поголема сума на пари на контото, почнат да шират демократија со моќта на истите тие пари, секогаш страдаат поединци.